Гутереш е загрижен поради оставката на либискиот премиер

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа изрази загриженост поради оставката на премиерот на Либан, Саад Харири.

– Генералниот секретар е загрижен поради веста за предлогот за оставка на либискиот премиер Саад Харири. Тој се надева дека сите страни ќе се фокусираат на напорите да го поддржат континуитет и работата на државните институции во Либан во согласност со Уставот и зачувувањето на државната безбедност и стабилност, истакна портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик.

Либанскиот премиер Саад Харири во саботата ненадејно соопшти дека поднесува оставка на функцијата и при тоа ги обвини шиитското движење Хезболах и неговиот сојузник Иран дека се обидуваат „да го присвојат” Либан.

– Поднесувам оставка од премиерската функција, изјави Харири, во обраќање емитувано на саудиската сателитска телевизија „Ал Арабија”.

Харири го обвини Техеран за мешање во односите меѓу арапските држави, апелирајќи при тоа за „укинување на иранското оружје“ во регионот на Блискиот Исток.

Тој оцени дека сегашната политичка клима во Либан потсетува на онаа од времето кога беше убиен неговиот татко Рафик Харири и дека се плаши оти постои и заговор и за негово убиство.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда