Гутереш: Бројните кризи и нестабилната светска состојба го загрозуваат глобалниот развој

Од:

Бројните кризи и нестабилната светска состојба го загрозуваат глобалниот развој, смета генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, јави ДПА.

– Се среќаваме во момент на голема опасност за нашиот свет. Конфликти и климатска катастрофа. Недоверба и поделба. Сиромаштија, нееднаквост и дискриминација. Растечки цени на храна и енергија, наброја Гутереш за време на денешното обраќање во Њујорк.

Како што тој додаде, секоја опасност ги турка Целите за одржлив развој „подалеку надвор од дофат“, но, оти сè уште можат да се спасат.

Светските лидери се согласија за Целите за одржлив развој во 2015 година. Седумнаесет цели треба да се реализираат до 2030 година, меѓу кои и да се стави крај на екстремните сиромаштија и глад, подобрување на глобалното образование и борба со климатската криза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага

Шефот на ОН: Палестинската агенција за бегалци е столбот на хуманитарниот одговор во Газа

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Гутереш го искористи специјално овластување – бара Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот во Газа

Шефот на ОН го налути Израел со изјавата за Хамас: „Итно поднеси оставка“

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска