Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара поголема флексибилност при управувањето со Светската организација.
Гутереш повика ОН да има годишен, а не двегодишен буџет, како што е во моментов.
– Неопходно е да се поедностави планирањето на буџетот, рече тој на состанок посветен на проектите за реформа на Светската организација и нивното финансиско влијание.
Гутереш побара поголеми овластувања за да може да прераспредели до 20 проценти од средствата во стратешките области, како што се мирот и безбедноста, развојот и администрирањето на ОН.