Гутереш апелира за зголемување на хуманитарната помош за Газа

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш за време на денешната прва посета апелираше за зголемување на хуманитарната помош за Газа и наложи итна испалата на четри милиони долари од Фондот на ОН за итни случаи.

Гутереш повика и за единство меѓу милитантните палестински групации, Хамас кој го контролира Појасот Газа и Фатах, под чија контрола се делови на Западен Брег.

– Би сакал еден ден да се вратам во Газа и таа да биде дел од палестинската држава која ќе живее во мир и просперитет, посочи Гутереш.

Тоа е прва посета на Гутереш на регионот откако ја презеде функцијата генерален секретар на ОН. Неговите средби со израелските и палестинските лидери се со цел продолжување на мировните преговори.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа