Гуљаш: Зеленски неодговорно ја обвини ја обвини Русија за нападот

Од:

Шефот на кабинет на унгарскиот премиер Гергељи Гуљаш денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски неодговорно се однесувал кога ја обвини Русија дека извршила ракетен напад во источна Полска.

Тој нагласи дека инцидентот во источна Полска уште еднаш ја покажа потребата спротивставените страни што поскоро да ги прекинат непријателствата.

Гуљаш посочи дека само Русија е одговорна за војната во Украина.

Врз полското село Пржеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, вчера паднаа две ракети при што загинаа две лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он