Гугл потпиша договори за авторски права, ќе им плаќа на шест француски весници и списанија

Од:

Најголемиот светски пребарувач, Гугл, потпиша договори за авторски права со шест француски весници и списанија, вклучувајќи ги и националните дневни весници „Монд“ и „Фигаро“, соопшти денеска американската технолошка компанија на својот блог.

Објавувањето следува по повеќемесечни преговори меѓу Гугл, француските издавачи и новински агенции за тоа како да се имплементираат ревидираните правила за авторски права на ЕУ, што на издавачите им овозможуваат да бараат компензација од интернет платформите што прикажуваат извадоци од нивните вести, пренесуваат британските медиуми.

Најголемиот светски пребарувач првично се противеше на идејата да им плаќа на издавачите за содржините, објаснувајќи дека нивните веб-страници имаат корист од поголемиот сообраќај што им го носи Гугл.

Гугл наведува дека договорите со шесте француски весници се темелат на критериумите, како што е издавачкиот „придонес за политичките и општи информации“, дневен обем на публикации, месечен интернет сообраќај и употреба на нивната содржина на неговата платформа.

Соопштението на Гугл доаѓа само еден месец откако со судска пресуда на американската компанија и беше наложено да почне преговори со француските издавачи за плаќање за употребата на нивните содржини, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција