„Гугл“ ќе им исплати 76 милиони долари на француски медиуми за авторски права

Од:

Гугл се согласи да плати 76 милиони долари на група француски медиуми, три години по долготрајниот спор за авторски права, јавија британски медиуми кои имале увид во документите.

Двата документа вклучуваат нацрт договор во кој се наведува дека Гугл е подготвен да плати 22 милиона долари годишно на група од 121 национален и локален француски медиум, откако ќе потпише договори со нив поединечно.

Вториот документ е спогодба според која Гугл се согласил да плати 10 милиони долари на истата медиумска група во замена за откажување од сите сегашни и идни тужби за авторско право во следните три години, колку што трае договорот.

Договорот е постигнат откако Франција донесе нов закон за авторски права, како дел од поширокиот закон на Европската унија.

Мерката ги принудува Гугл и другите големи интернет платформи да преговараат со медиумите за да се договорат за плаќање на содржината што ја користат за нивните информативни услуги на интернет.

Договорот беше осуден од други француски медиуми што не се дел од договорот, тврдејќи дека тоа е тајно, нефер и дека не се почитува законот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција