ГШ на украинска армија: Белоруска војска се движи кон Украина

Од:

Одделни единици од составот на борбено најподготвените формации на вооружените сили на Белорусија почнаа да се движат кон државната граница на Украина, се наведува во синоќа објавениот извештај на Генералштабот на украинската армија.

Се прецизира дека белоруски трупи се движат кон границата со Волинската област на северозапад од Украина.

Во соопштението се наведува и дека територијата на Белорусија се уште се користи за борбени задачи на армијата, оперативно-тактичката и специјалната авијација на вооружените сили на Руската Федерација за извршување задачи на територијата на Украина, пренесува украинската агенција УНИАН.

Генералштабот додава дека руските војници во текот на денот прегрупирале и складирале оклопни возила и ракетно и артилериско оружје во одредени области, пред се со цел да го опколат и заземат Киев и големите украински градови, особено Харков, Чернигов, Одеса, Херсон и Мариупол.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород