Грушко: Санкциите кон Русија и штетат на економијата на ЕУ

Од:

Политиката на санкции на ЕУ кон Русија продолжува да и штети на економијата на ЕУ, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко.

– Тие ги продолжуваат (санкциите) на секои шест месеци. Искрено, не очекувавме ништо поразлично. Тие и натаму и штетат на сопствената економија, рече Грушко коментирајќи ја релевантната одлука на ЕУ.

Шефовите на држави и влади на Европската унија вчера усвоија политичка одлука за продолжување на економските (секторски) санкции против Русија, која завршуваат на 31 јануари 2020 година.

Одлуката стапува на сила откако ќе биде одобрена од Советот на ЕУ и објавена во Службениот весник на ЕУ. Рестриктивните мерки важат за 20 руски финансиски, нафтени и одбранбени субјекти.

Би можело да ве интересира

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа

А1он

ВИДЕО: Силна експлозија на бензинска станица во Русија повреди 13 лица

Горјан Грнчаровски

ЕУ: Вакцината против Ковид-19 ќе биде безбедна и достапна за секого

Руски новинари и камерман уапсени во Минск

А1он

Идната недела ќе се регистрира руската вакцина за Ковид-19

А1он

Русија планира да одговори со нуклеарно оружје на каков било ракетен напад

А1он