Гроси: Ако немам пристап до нуклеарката во Запорожје, не можам да одредам степен на опасност

Од:

Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси повторно апелираше за пристап до украинската нуклеарна централа, која сега е под контрола на руските сили, за да се утврди дали таа претставува одредена опасност.

„Контактот со најголемата европска нуклеарна централа, која се наоѓа во Запорожје и со која управуваат украински техничари, не е стабилен и не постои секојдневно“, изјави Гроси за швајцарскиот весник „Тагес-Анзајгер“.

Според него, не може да се дозволи несоодветна комуникација со објектот во областите важни за безбедноста.

„Свесни сме за наводите дека во објектот се складира боева муниција и дека се случуваат напади врз електраната. Да бидам искрен, ако немам пристап, не можам да одредам степен на опасност. Има контрадикторности меѓу извештаите од руската и украинската страна. Добивам информации, ги спомнувам во извештаите, но никако не можам да утврдам дали тоа одговара на фактите“, рече Гроси, пренесува „Гардијан“.

Русија соопшти дека и понудила на МААЕ да го посети објектот, но дека Украина одбива да соработува. Од друга страна, Украина не сака да ја легитимира руската окупација на објектот.

Гроси рече дека засега не гледа оти конфликтните страни се подготвени да постигнат каков било конкретен договор.

Вчера Гроси издаде драматично предупредување во врска со најголемата европска електрана во Запорожје, наведувајќи дека нуклеарната централа е „целосно надвор од контрола“.

„Ситуацијата таму станува се поопасна секој ден“, рече тој и ги повика Русија и Украина да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се спречи нуклеарна несреќа.

„Секој принцип на нуклеарна безбедност е прекршен. Заканата е исклучително сериозна и опасна“, истакна Гроси.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Таен прекин на летовите во дел од Русија