Грибаускаите убедливо води на претседателските избори во Литванија

Од:

Литванската претседателка Далија Грибаускаите, убедливо води на првиот круг од претседателските избори одржан вчера, но ќе има втор круг, соопшти Главната изборна комисија.

Спротивно на очекувањата на аналитичарите, литванската „Железна лејди“ не успеа да го премине прагот од 50 проценти, неопходен за победа. Во последно време таа ја зголеми популарноста со цврстата позиција, која ја зазеде кон дејствијата на Русија во Украина.

Педесет и осумгодишната Грибаускаите, поранешен еврокомесар, освои 46,5 проценти од гласовите при преброени 97 проценти од гласачките ливчиња.

На второ место е кандидатот на водечката партија во владејачката левоцентристичка коалиција европратеникот Зигмантас Балчитис со 13,9 проценти.

Грибаускаите и Балчитис ќе се соочат еден спроти друг на вториот круг на 25 мај.

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Литванија ќе биде подготвена да прими германска воена бригада до 2026 година

А1он