Гренобл на местото на билбордите ќе сади дрвја

Од:

Францускиот град Гренобл ќе стане првиот град што целосно го отстранува уличното комерцијално рекламирање, откако така одлучи Градскиот совет, пренесува „Радио Моф“.

Градоначалникот од Зелената партија, Ерик Пиол вети дека на местото на билбордите ќе бидат засадени дрвја и поставени паноа кои ќе ги информираат граѓаните за случувањата во нивниот град.
-Општината одбира да го ослободи јавниот простор во Гренобл од рекламите и да дозволи развој на области за јавно изразување. Околу 50 млади дрвја ќе бидат засадени пред зимата на локациите кои ќе бидат ослободени – изјави градоначалникот.

Од јануари до април идната година, градот ќе се ослободи од сите 326 билборди поставени на улиците и тротарите во Гренобле, вклучувајќи и 64 големи билборди. На некои од локациите, градот ќе им дозволи бесплатно рекламирање на локалните културни и општествени групи, а паноата ќе бидат помали и повеќе насочени кон пешаците, отколку кон возачите.

Договорот на компанијата која ја има концесијата за поставување билборди истекува на крајот на годинава и нема да биде продолжен. Сепак, таа ќе продолжи да поставува реклами на автобуските постојки во градот, затоа што тие се регулирани со друг договор, кој важи до 2019.

Со овој потег, општинските власти во Гренобл, кој има околу 150.000 жители, се откажуваат од годишни приходи во висина од 600.000 евра, колку што носело изнајмувањето на билбордите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили