Грција и Украина на менито на работниот ручек на Оланд и Меркел

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе биде гостинка на работниот ручек што и го приредува во Елисејската палата францускиот претседател Франсоа Оланд, со грчката и украинската криза на менито, јавува дописникот на МИА од Париз.

По средбата е предвидена заедничка конференција за печатот. Инаку доаѓањето на Ангела Меркел во Париз е во рамките на нејзината турнеја во рамките на подготовките на идниот самит на Г7, кој ќе се одржи од 7 до 8 јуни во Еламу на југот од Германија.

Според извори од Елисејската палата, Грција и Украина ќе бидат главната тема на нивните разговори. Париз и Берлин последниве месеци покажаа голема блискост и средбите меѓу Оланд и Меркел зачестија.

По вчерашниот телефонски разговор меѓу Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Владимир Путин и Петро Порошенко тие заедно повикаа да се продолжи со спроведуњето на договорот од Минск и покрај непочитувањето на прекинот на огнот.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи