Грција и Русија преговараат за купување ракети „С-300“

Од:

Грција преговара со Русија за купување на ракетните комплекси „С-300“ и техничките спецификации за нивното одржување, соошти грчкиот сајт њуз.ин, повикувајќи се на руски медиуми и на изјавата на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој се наоѓа во посета на Москва.

-Ќе се ограничиме на замената на ракетите, рече Каменос, пренесува БТА.

Според руските медиуми, Русија и Грција водат преговори за одржувањето на овие ракетни комплекси, како и за купување на нови ракети „С-300“, дополни тој.

Панос Каменос прецизира дека разговорите се однесуваат само на поддршката и техничкото опслужување на овие ракетни комплекси, што се наоѓаат во вооружувањето на грчката армија.

– Изјавите беа доволно јасни, рече Каменос за грчката агенција АНА-МПА и додаде дека „Грција со Русија разгледува само прашања поврзани со техничката поддршка и замената на ракетите, чија употребна вредност е  измината, за постојните комплекси на националната воздушна одбрана, меѓу кои се и комплексите „С-300“, додека се друго се приказни од научната фантастика“. 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина