Гранатиран контролен пункт во руско село

Од:

Контролен пункт во руско село што граничи со Украина денеска е гранатиран, изјави гувернерот на областа Курск, Роман Старовојт.

Според Старовојт, минофрлачи погодиле контролен пункт во Крупец, во близина на украинскиот град Суми, во североисточниот дел од земјата, објави Би Би Си.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Старовојт додаде дека руските граничари и војската одговориле со одмазднички оган.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област