Гранати истрелани од Украина паднаа на руска територија

Од:

Три гранати истрелани од Ростовската област во Украина паднаа на територијата на Русија, соопшти денеска началникот на прес-центарот на Регионалната граничната управа при руската Федерална служба за безбедност во градот Ростов на Дон, Василиј Малаев.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Малаев нагласи дека ова не е прв ваков случај, додавајќи дека во изминативе недели неколку украински проектили биле истрелани кон руска територија.

Последните три гранати паднале на контролниот пункт на граничниот премин „Гуково“/„Червенопартизанск“, во селото Васецкиј и во населебата Шахта-24.

Според Малаев, во трите експлозии нема загинати или повредени, но се нанесени помали материјални штети на граничниот контролен пункт.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17