Градските власти на Париз против работа во недела

Од:

Градот Париз се подготвува да се спротистави на проектот на Владата за работа на продавниците во недела.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, нацрт-законот за развој на активностите кој ќе биде претставен наскоро од министерот за економија Емануел Макрон, предвидува проширување на правото за работа на продавниците во недела, со создавање на нови „меѓународни туристички зони“.

Овај план најмногу се однесува на Париз каде доаѓат околу 30 милиони туристи годишно.

Планот треба да овозможи сите продавници во Париз да работат секоја недела во годината. Досега таква дозвола имаа само продавниците во седумте најтуристички делови на француската престолнина, како Елисејските полиња, но не и кои се наоѓаат на булеварот „Осман“ и големи стоковни куќи.

Градот Париз околу ова прашање има различни стаови, но според последните случувања, најверојатно неговите раководители ќе се спротистават на работењето во недела во што заеднички ќе настапат советниците од речиси сите политички партии.

Според еден документ на градот Париз, 20 до 25 отсто од продавниците кои се отворени во недела, се доволни да ги задоволат тековни животни потреби на жителите на градот, додека 92 проценти од туристите изјавиле дека се задоволни од шопингот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили