Градоначалникот на Рим поднесе оставка поради обвинение за корупција

Од:

Градоначалникот на Рим, Инасио Марино, денеска поднесе оставка заради обвиненијата дека со општински пари плаќал ручеци и вечери за своето семејство и своите пријатели, пренесоа британските медиуми.

Марино, кој е член на Демократската партија на премиерот Матео Ренци, ги негира обвиненијата. Тој, меѓутоа, предложи да врати 20.000 евра – сумата која се тврди дека ја платил со службената кредитна картичка на општината.

„Поднесувам оставка“, објави Марино во писменото соопштение, во кое истакна дека ги поставил темелите на подобрата иднина за Рим, но дека неговите напори биле пресретнати од „необузданите реакции“ од економските групи.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага