Градоначалник во Италија предлага посебен автобус за Ромите

Од:

Клаудио Гамбино, градоначалник на мало место во италијанскиот Пијемонто, предложил оваа недела да се воведе посебен автобус за Роми, затоа што „тие ги вoзнемируваат граѓаните веќе дваесет години“.

Предлогот на градоначалникот во саботата предизвика жестоки критики од противниците на таквите идеи, кои велат дека предлогот потсетува на расната сегрегација како онаа во Јужноафричката република.

Гамбино од Демократската партија од местото Боргано Торинезе најави дека за 600 Роми кои живеат во населбата и предградието на местото, сака посебни автобуси како би се обезбедила „безбедност на нашите граѓани’“.

– Еден за граѓаните друг за Ромите, рекол градоначалникот кој тврди дека Ромите ги крадат граѓаните во автобусите.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага