Градоначалничката на Париз најавува отворање камп за бегалци во Париз

Од:

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, најави дека кампот за згрижување бегалци може да биде отворен во рок од 1,5 месец, во северниот дел на француската престолнина, јавува дописникот на МИА.

Оваа вест Идалго ја соопшти на прес конференција во градското собрание. Кампот на градот Париз ќе биде отворен на општински терен, со помош на невладини организации, со цел да им се пружи дневно прифаќање, но и сместување на лицата кои пристигнуваат без покрив на главата во Париз.
-Денеска Европа не е на висина на хуманитарната криза со бегалците. Нашата земја исто така. Ние ќе инсталираме хуманитарен камп според хуманитарните норми на ОН во Париз, поради ургенетноста на ситуацијата, рече градоначалничката на Париз.

„Париз нема да остави ништо да не направи, додека Средоземното Море се претвора во гробишта за мигрантите“, додаде таа.

Кампот е според моделот што Франција го покрена во Гранд-Синт, на северот од земјата, и тој ќе ги примени стандардите на камповите за бегалци и мигранти на Високиот комесар за бегалци. Тоа значи дека бегалците ќе можат набрзо да бидат донесени и да го имаат потребниот конфорт.
Целта, според Идалго, е да се избегне ситуација на импровизирани кампови за бегалците и барателите на азил, кои бараат спас под метрото.

За само една година во Париз, градот што се соочува со прилив на мигранти, беа демонтирани дваесетина диви кампови на бегалци и азиланти. Отако еден ќе биде растурен, веднаш никнуваше друг на друго место. Во последниот, кој се појави во градините на Еол, во 18 и 19 арондисман, во моментов живеат околу 800 лица. На метрото Сталинград живеат над 1.600 мигранти во страшни услови.

Градоначалничката на Париз се брани од обвинувањата дека овој камп ќе предизвика прилив на нови бегалци, кои и така се привлечени од големите градови во Европа.

-Јас констатирам дека во другите земји, посебно Германија, има значајни средства илјадниците бегалци да бидат примени во достониствени услови. Ние треба да го направиме истото…Тоа што ме води е интересот на мојот град и не мислам дека му служиме на интересот на нашиот град и неговите жители давајќи му имиџ кој не е наш и кој не се совпаѓа со нашите вредности. Ние имаме хумана обврска и не сакам да се погледнам по десет години во огледало и да си кажам: „ти беше градочалничка на Париз и ти си виновна за непружање помош на лица во опасност, наспроти ова население“, изјави Идалго.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили