Градоначалничката на Барселона бара ЕУ да посредува меѓу Шпанија и Каталонија

Од:

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау денеска побара од Европската Унија да посредува во спорот околу планираниот референдум за независност во шпанската област Каталонија.

– Моја обврска како градоначалник е да ја повикам Европската Комисија да отвори простор за посредништво меѓу владите на Шпанија и на Каталонија, за да се изнајде спогодбено и демократско решение. Барселона не сака судир со непредвидливи последици, а убедена сум дека и повеќето од нашите европски партнери не го сакаат тоа, побара Колау во коментар објавен во британскиот весник „Гардијан“.

Според Колау, одлуката на шпанската Влада да отпочне законски постапки против каталанските локални функционери кои го организираа референдумот, може само да ги влоши тензиите во Шпанија. Колау лично не поддржува независност на Каталонија, но се спротиставува и на чекорите на шпанската Влада која нареди апсења и запленување материјал за спроведување на референдумот.

– Заштитата на основните човекови права на каталонските граѓани од бран на репресии од страна на шпанската држава е подеднакво важно како и почитувањето на човековите права на шпанските и европските граѓани, додава Колау.

Референдумот е закажан за в недела, и покрај обидите на шпанските власти да го спречат и судската одлука со кој референдумот беше прогласен за неуставен. Каталонија е економски високо развиена област со 7,5 милиони жители, од кои повеќето припаѓаат на каталонската заедница, и Барселона како главен град. Каталонската полиција предупреди на опасност од безредија доколку шпанската полиција реши да интервенира во регионалните прашања и се обиде физички да го попречи одржувањето на референдумот.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски