Град во Перу доби градоначалник со фрлање паричка

Од:

Малиот перуански град Паруро го доби новиот градоначалник со помош на фрлање паричка, откако на изборите кои се одржаа на почетокот на овој месец двајцата кандидати освоиле идентичен број на гласови, соопштија денеска локалните власти.

Кандидатите за градоначалник на Паруро, гратче со помалку од 4.000 жители, Вилберт Медина и Хосе Корнехо Карпио освоиле на изборите одржани на 5 октомври по 236 гласа.

Специјалната изборна комисија на покраината Куско поради ваквите резултати побарала да се примени законот според кој во случај бројот на гласовите да биде идентичен, победникот да се одлучува по принципот „писмо-глава“.

Во фрлањето паричка победник бил Медина и на тој начин станал градоначалник на Паруро.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните