Говорите на Хитлер издадени на чешки јазик се продаваат на интернет

Од:

На чешкиот книжевен пазар се појави избор на говори од 1939-1942 година на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, јави дописникот на МИА од Прага.

Издавачот и преведувач Павел Камас изјави дека целта му била на луѓето да им ги стави на располагање досега недостапните говори како основа за слободно формирање на мислењето.

Според Камас, целта не е книгата да ги анализира или критички да ги интерпретира говорите на лидерот на нацистичка Германија, бидејќи постојат многу такви изданија од реномирани историчари.

-Ние, всушност, го даваме на располагање она што навистина било кажано, а човекот има многубројни извори каде може тоа да го спротивстави, се разбира критички, додаде Камас.

Тој смета дека досега луѓето не можеле да проверат што навистина кажал Хитлер.

Според промотивниот текст на веб страницата „хитлеровипројеви.цз“, читателот на книгата ќе дознае дека Хитлер за Чесите зборувал со почит и признание, дека според него секој имал еднакво право на живот, дека нацистичкиот лидер се борел за мир и посакувал искрено пријателство со Англија и немал ништо против Русите.

Експертите истакнуваат дека говорите на Хитлер се еден вид на пропаганден механизам и без стручни коментари можат да бидат штетни.

Тие предупредуваат дека Хитлеровите говори биле дел од пропаганда и дека не мора да значи дека се одраз на вистинските планови на диктаторот, кој ја започна Втората светска војна и ужасите на холокаустот.

-Хитлер зад себе го имал Гебелс, гениј за пропаганда. Тој рекол, оти стопати повторената лага станува вистина, коментира историчарот Јан Бречек, од Моравскиот музеј.

За Бречек, објавувањето на говорите на Хитлер во таква форма во денешно време е бесмислено и носат опасност од направилно интерпретирање, а ќе ги „израдуваат“ само екстремистите.

Политикологот Павел Печинка се осврнува на различните мислења при објавувањето на историски документи. На една страна е либералниот пристап, а на другата страна, стравот од ширење на криминалната идеологија. И тој оценува дека слични дела треба да се печатат со експертски коментари.

Публикацијата од 650 страници, испечатена во 10.000 примероци, под покровителство на чешкото издаваштво „Гуидемедиа итн“, по цена од 32 евра во моментов се продава само на интернет.

На говорите на Хитлер, исто како и на неговите книги, авторско право има германската покраина Баварија, односно со нив управува тамошното Министерство за финансии.

Во 2000 година Михал Зитко, кој ја публикуваше „Мајн кампф“ на чешки јазик, прво беше осуден на три години условна казна затвор, која подоцна му беше укината од повисокиот чешки суд.

Општинскиот суд во Прага, 10 години подоцна, донесе одлука издавачот „КМа“ да ги повлече сите книги на Адолф Хитлер, кои ги има издадено, поради протест на имателот на авторски права од Баварија.

Би можело да ве интересира

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

Во Франција уапсен млад следбеник на Хитлер, кој планирал масовно убиство во неговото средно училиште и џамија

A1on

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски

Германски полицајци суспендирани откако се зачлениле во онлајн клуб на обожаватели на Хитлер

Жарко Настоски

Реконструкција и пренамена на куќата на Хитлер

Ана Ололовска