Google Maps вистински хит во App Store

Од:

Веднаш по појавувањето во App Store, Google Maps стана светски хит. Според информациите кои пристигнаа од Google, за помалку од 48 часа апликацијата од App Store е преземена преку 10 милиони примероци, ја оцениле преку 20.000 корисници, а просечната цена е 4,5 поени.

Долго време Apple ги трпеше критиките за сопственото промашување каде што нивната апликација Maps ги разочара сите со големите недостатоци и грешки.

Сите очекуваа Google да интервенира со своја верзија на нивниот добро познта сервис иако Apple е тој што реши да ги острани нивните сервиси од iPhone 5 и oд оперативниот систем iOs 6.

Новата апликација Google Maps ги поседува речиси сите корисни алатки како што се Street View, гласовна навигација, добивање на насока чекор по чекор, информации за јавниот превоз и податоци за локалните места, бизниси, ресторани и слично. Апликацијата е бесплатна за превземање од iTunes.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска