Големо понижување на Зеленски: Го избркаа од Белата куќа

Од:

Откако американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски влегоа во вербална расправија за време на средбата во Белата куќа, Трамп се консултираше со своите најблиски соработници, по што му порача на Зеленски да си замине, пренесува Си-Ен-Ен.

„Трамп се консултираше со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, министерот за финансии Скот Бесант и други врвни советници по драматичната пресметка во која Трамп и Венс го обвинија Зеленски дека покажал неблагодарност за американската помош“, рече претставник на Белата куќа.

Трамп на крајот одлучи дека Зеленски „не е подготвен да преговара за мир“.

„Тој им наложи на Рубио и на советникот за национална безбедност Мајк Волц да ја пренесат пораката: Време е Зеленски да си оди“, изјави изворот за Си-Ен-Ен.

Според изворот, членовите на украинската делегација биле во посебна просторија, што е вообичаено кога странски лидер доаѓа во Белата куќа.

„Тие обично се собираат на ручек…Додека подготвената храна беше поставена на количка во ходникот во близина на канцеларијата на прес-секретарот, на Украинците им беше наложено да заминат“, рече официјалниот претставник.

Официјален претставник на Белата куќа рече дека Украинците изразиле протест и желба да ги продолжат разговорите, но им било кажано „не“, рече тој. Потоа Трамп ја напиша својата објава во Truth Social, а Рубио и Валц го информираа Зеленски за одлуката на Трамп.

„Почувствував дека има непријателство во говорот на телото и ставот на Зеленски“, рече официјалниот претставник, додавајќи дека Трамп не ручал со Зеленски како што е планирано и дека не е јасно кога САД и Украина повторно ќе разговараат.

Потврдено е и дека договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан, според Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена е снимката од мобилниот телефон на агентот кој уби жена во Минеаполис

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Украинските пилоти очајни: Тактиките на НАТО не функционираат

Предраг Петровиќ

Барање до Трамп: Интервенирај во Иран

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Уапсен е сопственикот на швајцарскиот бар каде што загинаа 40 млади луѓе