Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Од:

Директното учество на западните земји во конфликтот во Украина ја менува неговста суштина и Русија ќе биде принудена да донесе одлуки врз основа на вака создадените закани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. И ако тоа се случи, тогаш, земајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“, рече Путин, а пренесе ТАСС.

Путин истакна дека земјите од НАТО не само што разговараат за можноста украинската армија да користи ракети со долг дострел, туку и за директно учество во војната.

„Само воениот персонал на НАТО може да ги контролира летовите на овие ракетни системи. Тоа е можно само со помош на сателитски разузнавачки информации, кои Украина ги нема. Поентата е да се донесе одлука дали земјите од НАТО треба да бидат директно вклучени во конфликтот или не“, рече Путин.

Тој изјави дека Западот веќе учествува во напади на руска територија со помош на беспилотни летала и други средства што ги користи Украина.
„Но, кога станува збор за употреба на високопрецизно оружје со долг дострел од западно производство, тоа е сосема друга приказна“, рече рускиот претседател.

Претходно, светските медиуми објавија дека американскиот претседател Џозеф Бајден е под голем притисок од републиканците и демократите да ги олесни ограничувањата за тоа како Украина може да го користи оружјето што го обезбедуваат САД во војната против Русија.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете