Големо мнозинство Шкотланѓани се против отцепување на Шкотска

Од:

Големо мнозинство од населението на Шкотска се против отцепување на земјата од Велика Британија и создавање независна држава, покажува истражувањето што го направи агенцијата „Скотиш Соушал Атитјудс“ од Единбург.

Истражувањето што агенцијата го направила во периодот меѓу јули и ноември 2012 година, открива дека само 23 отсто од Шкотланѓаните се согласуваат со целосно независна Шкотска. Ова е најниската поддршка што тамошните гласачи ја даваат за отцепувањето на земјата од Обединетото Кралство од 1999 година, кога стапи во сила Законот за деволуција (префрлање на овластувањата) од Лондон на Единбург и обновувањето на работата на шкотскиот Парламент.

Според сознанијата од анкетата, 67 отсто од луѓето се согласуваат со зголемување на овластувањата за локалниот Парламент (Холируд), иако тие се поделени околу тоа колкави да бидат проширените овластувања. Околу 35 отсто сметаат дека Парламентот во Единбург треба да има целосна контрола врз шкотските работи, додека 32 отсто верува дека локалните пратеници треба да одлучуваат за сите работи, освен за одбраната и за надворешната политика, што според нив треба и натаму да остане во должност на Лондон и на британскиот Парламент.

Британскиот министер за Шкотска, Мајкл Мор ги поздрави резултатите од оваа анкета, додека претставник на кампањата за отцепување оцени дека тие не ја отсликуваат реалната состојба, затоа што анкетата била правена пред да почне кампањата.

Референдум за независност на Шкотска е закажан за октомври следната година. Шкотска и Англија се во Унија веќе 305 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он