Големи горештини регистрирани во југозападните американски држави

Од:

Авиокомпаниите ги откажаа летовите за Феникс, а лекарите ги предупредија луѓето да не излегуваат доколку немаат итна потреба, откако голема горештина ги погоди југозападните американски сојузни држави.

Аризона е најмногу погодена од жештините, а високи температури се измерени и во Невада и Калифорнија. Во Лас Вегас температурите достигнуваат и до 47 степени Целзиусови.

Во услови на многу високи температури за авионите е тешко да летаат и „Американ ерлајнс“ откажа околу 40 летови за Феникс. Рачките на вратите на продавниците се покриени за купувачите да не се изгорат.

Властите ги предупредија луѓето да внимаваат, кога влегуваат во автомобилите, да ги држат децата подалеку од нишалките во детските паркови и да не ги шетаат домашните миленичиња по асфалт и плочките на тротоарите, бидејќи можат да си ги изгорат шепите.

Околу 130 лица починаа минатата година од жештините во Феникс и Лас Вегас, а илјадници пациенти побараа медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка