Голема израелска офанзива во Газа, војската уништува згради, гранатира куќи и патишта

Од:

Израелски авиони и тенкови ги бомбардираа источните и северните периферии на градот Газа, уништувајќи неколку згради и домови, изјавија жителите денес, додека Израел ја засилува планираната офанзива врз градот. Сведоци изјавија дека експлозии одекнувале во областите Зејтун и Шеџаја, додека тенкови гранатирале куќи и патишта во блиската населба Сабр, а неколку згради биле разнесени во северниот град Џабалија, објави Ројтерс.

Израелската војска во понеделник соопшти дека нејзините сили продолжиле со операциите во Џабалија во последните денови за откривање на тунели што ги користат милитантите на Хамас и за зајакнување на контролата врз областа. Додаде дека операциите во Џабалија ги спречуваат терористите на Хамас да се вратат во областа.

Израел претходно овој месец усвои план за преземање на контролата врз градот Газа, кој го опиша како последно упориште на Хамас. Операцијата треба да започне за неколку недели, оставајќи простор за медијаторите Египет и Катар да се обидат да ги доведат двете завојувани страни на преговори за примирје, потсетува Ројтерс.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вети во петокот дека ќе ја спроведе офанзивата, чие започнување предизвика загриженост во странство и негодување дома. Тој во петокот изјави дека градот Газа ќе биде срамнет со земја доколку Хамас не се согласи да ја заврши војната според условите на Израел и да ги ослободи сите заложници што сè уште ги држи. Околу половина од двата милиони жители на палестинската енклава живеат во градот Газа, а неколку илјади веќе ја напуштиле. Сепак, некои жители велат дека нема да заминат, без оглед на ризикот, јавува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Јордан: Меѓународните трупи нема да се обидуваат да наметнат мир во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Израел ги прими останките на двајца заложници

Google и Amazon имаат таен договор со Израел за користење код за предупредување

Катерина Ѓуровски