Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Од:

Иран може да води интензивна војна против САД и Израел најмалку шест месеци, изјави портпаролот на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), Али Мохамед Наини.

– Вооружените сили на Исламската Република Иран се способни да продолжат интензивна војна најмалку шест месеци со сегашното темпо на операции, рече Наини, објави иранската новинска агенција Фарс.

ИРГЦ, која е елитна сила на Иран, соопшти дека таргетирала „повеќе од 200“ локации за кои вели дека се поврзани со американски и израелски бази и објекти низ регионот на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ