Голем напад врз украинската енергетска инфраструктура

Од:

Руските сили извршија моќен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска и гасна инфраструктура, изјави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. „Уште еднаш, енергетската и гасната инфраструктура во различни делови на Украина се најде под огромен оган од проектили и беспилотни летала“, напиша тој на Фејсбук.

Тој додаде дека „спасувачките тимови и енергетските експерти прават се за да ја санираат штетата секаде каде што е можно. Се преземаат сите неопходни мерки за стабилизирање на снабдувањето со електрична енергија и гас“.

Државната енергетска компанија „Нафтогас“ потврди дека се оштетени капацитетите за производство на природен гас, но за среќа, како што велат во соопштението, „нема жртви“. Синоќа регионалниот гувернер на Одеса извести дека дронови ја погодиле енергетската инфраструктура во пристанишниот град и предизвикале пожари. Нападот беше опишан како „масовен напад со дрон“.

Би можело да ве интересира

Медведев одговори на новите санкции од Трамп

Катерина Ѓуровски

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Путин има порака за Европа: Оставете не да живееме мирно, инаку ќе реагираме

ВИДЕО: Трамп го потпиша законот за новите санкции за Русија

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“