Годишнина од нападите во Њујорк и Вашингтон

Од:

САД денеска одбележуваат 17 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа над 3.000 луѓе.

Исламистите, повеќето од нив од Египет, киднапираа четири патнички авиони со кои ги урнаа зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк и го погодија седиштето на американската армија – Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија по борба меѓу патниците и исламистите.

Американскиот претседателот Доналд Трамп денеска ќе го посети Меморијалниот центар изграден на местото каде се урна четвртиот авион, во градчето Шенксвил.

Нападите беа извршени во првата година од мандатот на претседателот Џорџ Буш Помладиот. Тој одговори со напад врз Авганистан, со цел да се урне талибанското движење кое и даваше поддршка на исламистичката група Ал Каеда одговорна за нападите, а потоа и со повеќегодишна крвава инвазија врз Ирак.

САД реагираа и со воведување на нови, далеку построги закони за контрола на комуникациите и следење на муслиманските здруженија, при што спречија повеќе напади врз авиони и на локации, како на Тајмс Сквер во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он