Зајакнувањето на меѓусебната доверба и посветеноста на стабилноста и европските вредности ќе бидат главни теми на средбата на претседателите на земјите од Југоистична Европа опфатени со процесот „Брдо-Бриони“, што ќе се одржи в сабота во Словенија, соопшти денеска Кабинетот на словенечкиот претседател Борут Пахор.
Како што јави Хина, досега на самитот е потврдено учеството на претседателите на Македонија, Ѓорѓе Иванов, на Албанија, Бујар Нишани, на Косово, Хашим Тачи, на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, како и на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, Младен Иваниќ и Бакир Изетбеговиќ.
Покрај претседателите на овие земји од Југоистпчна Европа, се очекува на сребдата да присуствува и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.
Процесот „Брдо-Бриони“ го иницираа Словенија и Хрватска со идеја за зајакнување на соработката меѓу државите од Западен Балкан.