Советот за безбедност на ОН прифати синоќа американски предлог мерки што треба да обезбедат строгите санкции за Северна Кореја да не ја попречуваат испораката на хуманитарна помош за таа држава.
Според податоци на ОН, околу 10 милиони луѓе имаат потреба од храна и друга помош, Холандија која претседава со СБ на ОН за следење санкции против Северна Кореја, соопшти дека ниту еден од 15 членови на Советот не приговорил за насоките предложени од САД.
Сега тие ќе бидат испратени до сите држави членки на ОН. Санкциите за Северна Кореја како одговор за нејзините програми за нуклеарно и балистичко оружје, не вклучуваат хуманитарна помош. Најмалку 20 отсто деца во Северна Корејка страдаат од неухранетост што укажува на потреба за поголемо финансирање за хуманитарна помош.