28 годишната Американка, Холи Соломон од Аризона му се осветила на својот сопруг Даниел, затоа што не гласал на претседателските избори во САД, што според неа го прави виновен за поразот на републиканскиот кандидат Мит Ромни.
После расправијата, таа влегла во џипот и почнала да го брка по паркингот за да го прегази. Даниел се сокрил зад бандера , додека таа кружела и викала по него обвинувајќи дека е виновен што Обама е реизбран во Белата Куќа.
На крајот, го прегазила и поминала со џипот преку него. Даниел Самолон е префрлен во болница, а лекарите велат дека е во критична состојба. Холи, која не била пос влијание на алкохол ила дрога, ќе биде казнета за семејно насилство.