Глобална недела за образование

Од:

Под мотото „На секое дете му е потребен учител!“ од денеска до 27 овој месец се одбележува Глобалната недела за акција за вклучување на секое дете во образованието.

Во рамки на одбележувањето, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ испрати информација до сите општини во Република Македонија и до Самостојниот синдикат за образование и култура, да побараат од сите училишта поддржување на акцијата.

„Меѓаши“ соопшти дека побарале во сите училишта да се одржи по еден наставен час „На секое дете му е потребен учител“, каде треба да се зборува за важноста на квалитетното образование и за важноста секое дете да биде вклучено во образовниот процес.

Во Република Македонија над 18.500 деца не се вклучени во образовниот процес, од нив 2.000 се жртви на детски труд и над 1.500 се без извод од матична книга на родени.

Напредокот во реализирањето на правото на образование на светско ниво од 2000 година е неспорно, но продолжува да претставува недовршена работа. Бројот на деца кои не добиваат основно образование е опаднат од 200 милиони во 2000 година на 132 милиони во 2010 година. Но, бројот и понатаму останува висок и стагнира од 2008 година. Дури и за оние деца кои се во училиште, правото на образование станува реалност само доколку училиштето им обезбеди квалитетно образование.

Во светот, како што е наведено во соопштението, за да може секое дете да се запише во основно училиште до 2015 година, потребни се 5,1 милиони учители. За да може секое дете да го исполни своето право на образование, потребни се дополнителни 1,7 милиони учители за да го пополнат недостигот. Овие 1,7 милиони, како и милионите неквалификувани учители кои веќе работат, треба да бидат професионално обучени. Учителите мора да бидат мотивирани да дадат се од себе за да обезбедат најдобро можно образование и да бидат соодветно распределени за да не дојде до тоа посиромашните деца да имаат пропусти во образованието.

Секое дете во светот има право на квалитетно образование, но ниту едно дете нема да има можност да го реализира тоа право доколку нема посветен учител. Иако полека напредуваме кон тоа секое дете да биде во училиште, постои голем и постојан недостиг од професионални и добро обучени учители, сметаат во „Меѓаши“.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска