Global Rights Compliance: Русите користат сексуална злоупотреба како тактика на тортура во притвор

Од:

Гoлем број затвореници кои се држат во импровизирани центри за притвор под руска окупација во јужна Украина биле мачени и сексуално злоупотребувани, соопшти тим од меѓународни експерти во резимето на нивните најнови наоди.

Мобилниот правен тим, формиран од меѓународната хуманитарна компанија (Global Rights Compliance) Глобал Рајтс Комплианс, работи со украинските обвинители за воени злосторства во регионот Херсон, откако беше вратен во ноември по повеќе од осум месеци под руска контрола.

Украинските власти разгледуваат повеќе од 97.000 извештаи за воени злосторства и покренаа обвинение против 220 осомничени пред домашните судови. На високите виновници може да им се суди пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, кој веќе побара апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Кремљ постојано ги негира наводите за воени злосторства во Украина од страна на силите кои учествуваат во „специјалната воена операција“.

Последниот извештај на Мобилниот правен тим, кој беше финансиран од Велика Британија, Европската Унија и Соединетите Држави, анализираше 320 случаи и изјави на сведоци на 35 локации во регионот Херсон.

„Од прегледаните изјави на жртвите, 43 отсто експлицитно ја споменале практиката на тортура во притворните центри, наведувајќи го сексуалното насилство како вообичаена тактика што им ја наметнуваат руските чувари“, се вели во соопштението.

Во јуни, украинските обвинители го покренаа својот прв случај за наводната депортација на десетици сирачиња од Херсон, обвинувајќи руски политичар и двајца осомничени украински соработници за воени злосторства. Тие не ги коментираа последните откритија за тортура.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород