„Ѓердан на Клеопатра” стар 2400 години пронајден во гробницата во Сибир

Од:

Парчето накит што е наречен “Ѓерданот на Клеопатра” беше пронајден околу вратот на жена, за која археолозите утврдија дека имала 25 години кога починала, во античкиот гроб во планините Алтај во Сибир, пренесува “Сајбиријан тајмс”.

Ѓерданот е направен од тенко обоено стакло и е со непроценлива вредност, а научниците соопштија дека девојката починала пред 2300 или 2400 година и била во сродство со познатата тетовирана принцеза Укок, чии тетоважи останале сочувани во мразот и кои го окупираа вниманието на светските археолози.

Иако наречен “Ѓердан на Клеопатра”, пронајденото парче накит, датира од времето на Александар Велики, односно, постар е од времето во кое живеела Клеопатра, последната владетелка на стариот Египет.

gerdan detali

Ѓерданот, составен од 17 топчиња, е неоштетен и уникатен пронајдок во целиот поранешен Советски Сојуз. Руските археолози истакнуваат дека ѓерданот фрла нова светлина врз нивото на развој на цивилизацијата во Сибир, во скитскиот период.

На топчињата се наоѓаат различни нијанси на сина и жолта боја, а секоја е со размер од два до два и пол сантиметри.

gerdan topce

Руските археолози се уште работаат на студијата на ѓерданот и штом биде објавена во јавноста, набрзо ќе се појави и на некоја изложба.

Би можело да ве интересира

Екстремен студ во Сибир: Температурата во Краснојарск падна на -50°C

Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Предраг Петровиќ

Русија: Имаме „абнормална ситуација“ на леталото во орбитата на Месечината

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

Бунт на војниците на „Вагнер“ против Русија: 25.000 војници маршираат кон Москва

Горан Наумовски

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски