Русија: Имаме „абнормална ситуација“ на леталото во орбитата на Месечината

Од:

Руската вселенска агенција Роскосмос денеска извести за „абнормална ситуација“ на своето летало Луна-25, кое моментално се наоѓа во орбитата на Месечината. Освен што непредвидената ситуација се случила додека леталото се подготвувало за слетување, деталите за оваа „абнормална ситуација“ се уште не се познати, но се очекува Рокосмос да даде дополнителни информации.

Руското летало влезе во орбитата на Месечината пред три дена, што е голем чекор кон остварување на амбицијата на Русија да стане првата вселенска сила која ќе изврши меко слетување на Јужниот пол на единствениот природен сателит на Земјата во потрага по замрзната вода.

Роскосмос пред три дена објави дека вселенската сонда Луна-25 влегла во орбитата на Месечината во 11:57 часот по московско време или 8:57 часот по средноевропско време. Руската вселенска сонда, која е со големина колку мал автомобил, тежи околу 1.800 килограми и беше лансирана минатиот петок од космодромот Восточни. Треба да спроведе истражување на јужниот пол на Месечината околу една година.

Во таа област, научниците од НАСА и други вселенски агенции открија траги од замрзната вода во кратерите во последните неколку години. Постоењето на вода на Месечината е важно за големите вселенски сили бидејќи ќе им овозможи на луѓето да останат таму подолг временски период, што пак би овозможило ископување вредни лунарни ресурси.

Москва последен пат ја испрати сондата Луна-24 на Месечината пред речиси половина век, на почетокот на 1976 година, кога Русија сè уште беше дел од Советскиот Сојуз.

Би можело да ве интересира

Екстремен студ во Сибир: Температурата во Краснојарск падна на -50°C

Индискиот ровер испрати податоци дека температурата на јужниот пол на Месечината е 70 степени

Предраг Петровиќ

Руското вселенско летало се урна на површината на Месечината

Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Предраг Петровиќ

Бунт на војниците на „Вагнер“ против Русија: 25.000 војници маршираат кон Москва

Горан Наумовски

Косово воведе нови санкции кон Русија