Германскиот весник „Шпигел“ излезе со текст на турски јазик „Не отстапувајте“

Од:

Германското списание „Шпигел“ за првпат во историјата излезе со текст на насловната страница на турски јазик, кој гласи „Не отстапувајте“, во знак на поддршка за учесниците на протестите против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Весникот, исто така, посвети десетина страници на турски и германски јазик на протестите во Истанбул.

„Не отстапувајте“ гласи насловот на првата страница на денешниот број на „Шпигел“. На насловната страница се наоѓа фотографија од жена што носи плакат со истата порака. Тоа е за првпат во 66-годишната историја на „Шпигел“ текст на насловната страница да излезе на турски јазик.

Весникот наведува дека тоа претставува гест, сигнал.

Во Германија живее најголемата турска заедница во странство, што брои три милиони Турци или граѓани со турско потекло.

Настаните во Турција, која официјално е кандидат за членство во ЕУ, изјавите на турскиот министер за ЕУ против Ангела Меркел, насилствата и поделбите, кои ги преживува турското општество не се во никој случај „внатрешно прашање“, како што смета премиерот Реџеп Таип Ердоган, наведува весникот.

Според весникот тоа ги засега сите, Турците и Германците, Германците со турско потекло и Европејците.

Односите меѓу Турција и Германија изминатата недела се тензични поради размената на остри критики меѓу Берлин и Анкара за антивладините протести во Турција.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад