Германскиот Парламент ќе им даде на хомосексуалците еднакви даночни права

Од:

Германскиот Парламент денеска треба да го одобри законот, со кој на хомосексуалните двојки им се даваат истите права во однос на плаќањето даноци, како и на хетеросексуалните парови, јави ДПА.

Гласањето во Горниот дом на Парламентот, Бундесратот се одржува по минатомесечната одлука на Уставниот суд, кој побара реформирање на законот за даноци.

Долниот дом на Парламентот, Бундестагот, веќе го одобри законот и покрај противењето на конзервативното крило на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел и на нејзиниот баварски сојузник Христијанско-социјалната унија.

ЦДУ нагласи дека и покрај тоа што Владата го протуркала овој закон, сепак не планира да го следи примерот на некои европски земји, како Велика Британија и Франција и да го легализира бракот меѓухомосексуалците.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он