Германскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Авганистан

Од:

Германскиот министер за одбрана Томас де Мезиер денеска пристигна во ненајавена посета на воената база во близина на градот Мазари Шариф во северниот дел на Авганистан.

Германското Министерство за одбрана соопшти дека посетата на Де Мазиер е со цел да се запознае со текот на повлеквање на германските војници од Авганистан, што е предвидено за крајот на 2014  година.

– Безбедноста во Северен Авганистан е подобрена, тоа ни дава основа да гледаме со оптимизам на иднината. Треба да го зачуваме досега постигнатото, истакна Де Мезиер.

Тој се сретна со командантот на германскиот контингент распореден во планината Хиндукуш, генерал-мајор Јорг Фломер. Де Мазиер ќе се сретне и со војниците од Бундесверот, кои се распоредени во регионот, и со војниците од базата „Оп Норд“ во провинцијата Баглан, која на пролет ќе им биде предадена на авганистанските сили за безбедност.

Во Авганистан има 4.300 војници и офицери на Бундесверот. Тоа е десетта посета на Де Мезиер на германските војници распоредени во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад