Германски специјалци избркани од работа, „се палеле“ на нацизам

Од:

Германски обвинители наложија да бидат отпуштени од работа 19 полицајци, членови на специјалните сили, а еден да се суспендира, поради сомнение дека го глорифицирале нацизмот, што е кривично дело во земјата. Портпаролката на Обвинителството информира дека на интернет тие пишувале за поранешната нацистичка организација и разменувале нацистички симболи.

Најголем дел од несоодветната содржина објавиле во периодот 2016-2017 година, а најскорешните објави се во 2019 година, пласирани на крајно десничарски чатови.

Германската полиција и безбедносните агенции се под критики дека не прават доволно за искоренување на потенцијалните насилни националисти во своите редови.

Германската разузнавачка агенција во минатогодинешниот извештај информираше дека помалку од еден процент од припадниците на германската полиција, безбедносните агенции и воениот персонал заговараат крајно десничарски погледи на светот.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија