Германски неонацист по првпат избран за пратеник во Европскиот парламент

Од:

Еден член на германската неонацистичка,Национал демократска партија (НПД), ќе биде дел од новиот состав на делегацијата на избраните германски европратеници во Парламентот во Стразбур,кој е најброен од сите земји членки на ЕУ и има 96 пратеници.

На неделните евроизбори, тој освои околу 300.000 гласови, но благодарение на последните измени на изборниот закон во Германија,со кој беше спуштена долната граница за влез во Парламентот,се создадоа услови,овој германски неонацист,да биде избран како европратеник.

Ваквата разврска на изборите за Европскиот Парламент, во Берлин се означува како „историски преседан„ за Германија по Вторатата светска војна.

Партијата НПД има само шест илјади членови во Германија и таа се декларира себе си како национал-социјалистичка,што е идентично со партијата што во дваесетите години на 20 век ја создаде и ја водеше нацистичкиот водач, Адолф Хитлер.

На германската политичка сцена таа е маргинализирана,особено поради нејзината нескриена омраза кон странците и антисемитизмот, па повеќе германски регионални влади,настојуваат да ја блокираат нејзината пропаганда.

Германските аналитичари во своите постизборни анализи,го ставаат овој „преседан со НПД во врска со вкупниот раст на ваквите, крајнодесничарски, ултранационалистички и профашистички партии во неколку земји од Унијата.

Загрижност предизвикува успехот на грчката профашистичка партија „Златна Зора„ која освои три пратенички места во евро Парламентот од 751 пратеника,но за разлика од германската НПД,грчката партија не е маргинална сила во  својата земја.

На евроизборите,таа стана трета партија,зад „Сириза„ и Неа Демократија,а пред ПАСОК.Во 2012 година,лидерот на „Златна Зора„ Никос Михалиолакис јавно ја отфрли одговорноста на нацистите за ликвидацијата на преку шест милиони Евреи во Вторатата светска војна.

„Златна Зора„ сега има 16 пратеници во грчкиот Парламент,откако во меѓувреме загуби двајца пратеници,затоа што едниот ја напушти партијата,а другиот е во затвор.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија