Германски авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море

Од:

Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море додека се приближувал до германскиот воздушен простор, јавија локалните медиуми, пренесува агенцијата Анадолија.

– Руски шпионски авион во саботата беше идентификуван во меѓународниот воздушен простор во близина на германскиот остров Руген во Балтичкото Море, што предизвика тревога во германското воено воздухопловство, пишува весникот „Билд“.

Како резултат на тоа, два „Јурофајтерс“ полетаа од воздухопловната база „Лаге“ во североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија за да придружуваат руски авион подалеку од германскиот воздушен простор.

Инцидентот се случил по руското нарушување на шведскиот и данскиот воздушен простор, што наводно се случило во петокот.

– Рускиот авион АН-30 го нарушил шведскиот воздушен простор во петокот вечерта, соопшти шведското Министерство за одбрана.

Се додава дека авионот летал источно од Борнхолм, дански остров на Балтикот, пред да се упати кон шведска територија.

Потоа, Данска го повика рускиот амбасадор во Министерството за надворешни работи, потсетува Анадолија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски