Германската Влада одлучи да купи 25,1 отсто акции во производителот на воена опрема Хенсолдт, во висина од 464 милиони евра, со цел да блокира странски купувач.
Хенсолдт претходно беше во составот на европскиот концерн Ербас, а произведува камери опремени со најсовремена технологија, што се вградуваат во воените авиони Торнадо, потоа за радарски системи за Еурофајтер и за перископите за тенковите Леопард.
Американската инвестициска компанија ККР го купи Хенсолдт во 2016 година, а годинава задржа 60 проценти од акциите.