Германската полиција врши проверка на пасошите од бегалците

Од:

Германските полицајци вршат проверка на пасошите на границата со Австрија, откако Берлин објави дека воведува привремена контролана границата за да спречи неконтролиран и масовен прилив на бегалци.
Неколку стотини германски полицајци се мобилизирани за да спроведат контрола на границата , соопшти портпаролот на германската федерална полиција.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезијер претходно кажа дека ваквата одлука веднаш стапува во сила.
-Германија привремено повторно воведува контрола долж внатрешните граници. Фокусот сега е насочен кон границата со Австрија, рече Мезијер.

Потегот на Германија е во спротивност со принципите на Шенген зоната, според кои е дозволено слободно движење помеѓу европските држави, иако оваа спогодба дозволува и привремена суспензија.
Освен оваа мерка, Германија нема повеќе да им дозволува на бегалците да избираат во која европска земја ќе се упатуваат.

Барателите на азил ќе мора да сфатат дека “не можат да избираат“ во која држава ќе побараат заштита, рече германскиот министер за внатрешни работи.

Според правилата на ЕУ, првата земја во која ќе влезат бегалците е должна да решава за барателите на азил, иако претходно, Германија во пракса го отфрлаше ова правило во случајот со бегалците од Сирија.
Железничкиот сообраќај помеѓу Германија и Австрија е суспендиран до 5 часот во понеделник.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад