Германската држава ги продаде акциите во авиокомпанијата „Луфтханза“

Од:

Германската држава ги продаде останатите акции што ги поседуваше во авиокомпанијата „Луфтханза“, каде влезе со 20 отсто акции во 2020 година, за време на планот за нејзино економско спасување поради пандемијата со коронавирусот.

Фондот за економска стабилизација, јавно тело што ги поседуваше акциите, „го продаде својот последен удел на меѓународни инвеститори“. Оттаму додаваат дека авиокомпанијата повторно е во приватни раце.

Германската Влада ја спаси „Луфтханза“ од банкрот во јуни 2020 година, тогаш компанијата беше економски тешко погодена поради пандемијата со коронавирусот.

Властите тогаш одобрија план за помош од девет милијарди евра, вклучувајќи јавен влез во капиталот со 20 отсто. Учеството уште од почетокот се сметаше за привремено, додека не се подобри ситуацијата во „Луфтанза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година