Германија воведува обврска за негативен ПЦР тест при влез во земјата

Од:

Секој што сака да патува во Германија од недела, 28 март, ќе треба да приложи негативен ПЦР тест на коронавирус, објави агенцијата ДПА.

Пред летот, од патниците кои тргнуваат кон Германија ќе се бара да му го покажат негативниот тест на превозникот. Одлуката стапува во сила в недела на полноќ и ќе трае до 12 мај.

На лицата кои нема да му ја приложат потребната потврда на авиопревозникот, нема да им биде дозволено да влезат во авионот, се наведува во соопштението на германското Министерство за здравство.

Првичната идеја била ваквото барање да стапи во сила од утре, но беше одложено за да можат патниците и авиокомпаниите да се прилагодат на тоа.

Досега, приложувањето на негативен тест беше задолжително за патниците кои пристигнуваат од земји и региони прогласени од германските власти за зони со висок ризик.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД