Германија се повлекува од мисијата „Софија“ на ЕУ

Од:

Германија донесе одлука да го суспендира своето учество на поморската мисија „Софија“ на ЕУ, чија задача е спречување на илегалниот транспорт на мигранти преку Средоземното Море, јави ДПА.

Според извори на агенцијата во Владата во Берлин, во иднина ниту еден германски брод нема да учествува во оваа мисија.

Причините за ваквата одлука на германската Влада засега не се познати.

Операцијата „Софија“ започна во 2015 година со цел да ги спречи шверцерите на луѓе во илегалниот транспорт на мигранти од африканскиот брег до Европа.

Покрај ова, мисијата има за цел и да ги обучува припадниците на либиската крајбрежна стража во справувањето со шверцерите на луѓе, како и да го контролира почитувањето на ембарго за извоз на оружје во Либија.

Сегашниот мандат на мисијата беше обновен лани во декември и тој истекува кон крајот на март.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година